Камерман направи хаос откако влезе меѓу тркачите на 5.000 метри (Видео)

Квалификациската трка на 5.000 метри во машка конкуренција ќе се памети по хаосот кој го предизвика еден камерман. Додека атлетичарите трчаа и се бореа за подобар резултат, на четири круга до крајот, камерманот застана буквално пред тркачите кои, за среќа, внимаваа и не дозволија да се судрат со него.

Сепак, дел од нив мораа да подзастанат, да го заобиколат натрапникот на патеката, па така и загубија ритам во трчањето. Снимателот кога сфати каков хаос предизвика, се обиде да се тргне, но беше предоцна.

„Ова е аматерски. Вакво нешто не смее да се случи на Олимписки игри. Бев доволно далеку за да видам што се случува. Носеше голема камера. Кога сфати што направи, штетата веќе беше направена. На некои од натпреварувачите им ја уништи трката“, револтирано рече Норвежанецот Јакоб Ингебритсен, кој заедно со уште осуммина од оваа трка озбезедија место во финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести