Летсиле Тебого од Боцвана е сензационален победник на трката на 200 метри на Летните олимписки игри во Париз. Ова за Африка е прв златен медал на 200 метри, а резултатот на Тебого од 19.46 е нов африкански рекорд.
Атлетичарот од Боцвана ги изненади Американците, кои ќе мора да се задоволат само со сребрениот и со бронзениот медал. Второпласиран заврши Кенет Бенднарек со време од 19.62, а третопласиран е големиот фаворит и олимписки шампион на 100 метри, Ноа Лајлс, со време од 19.70.