Фантастичната Меклохлин-Леврон по шести пат го сруши светскиот рекорд на 400 метри со пречки

Фантастичната Сидни Меклохлин-Леврон од САД е освојувачка на златниот медал на 400 метри со пречки во женска конкуренција со време на нов светски рекорд, кој сега изнесува 50.37. Таа само го подобри нејзиното досегашно најдобро време кое изнесуваше 50.65, а ова е шести пат да го сруши светскиот рекорд во оваа дисциплина. Првпат тоа го направи во 2021 година, кога истрча 51.90.

Пакистанецот Аршад Надем го фрли најдалеку копјето и го освои златниот медал со резултат од 92.97 метри, со што постави нов олимписки рекорд во оваа дисциплина.

На атлетските настани вечерва медали се доделуваа и во дисциплината скок во далечина во женска конкуренција. Најдалеку скокна Тара Дејвис-Вудхол, 7.10, со што ја порази конкуренцијата, а второпласираната Михамбо од Германија имаше 12 сантиметри помалку од победничката, додека третопласираната Американка, Јасмин Мур, прескокна 6.96.

САД освоија златен медал и на трката на 110 метри со пречки во машка конкуренција. Грант Холовеј патеката ја мина за 12.99 секунди, додека второ и третопласираните, Робертс од САД и Броудбел од Јамајка имаа ист резултат, кој беше послаб само за една десеттинка од победникот.

- Оглас -

Најнови вести