Кошаркарската репрезентација на Србија одигра одлично прво полувреме против САД во полуфиналето од машкиот кошаркарски турнир на Летните олимписки игри. Никола Јокиќ и соиграчите имаат предност од 11 поени на паузата, 54-43, иако во еден момент во втората четвртина имаа водство и од 17 поени разлика, односно 42-25.
Алекса Аврамовиќ со 15 поени и Богдан Богдановиќ со 12 поени се најефикасни во составот на Србија во првиот дел, додека Никола Јокиќ додаде девет поени, седум асистенции и три скока.
Убедливо најефикасен на мечот е Стеф Кари со 20 поени и со ефект од 6/9 за три поени.
Домаќинот Франција веќе е во финалето на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата, а Србија или САД ќе им придружат таму.