Лајлс хоспитализиран по трката на 200 метри, трчал заразен од ковид-19

Американскиот спринтер Ноа Лајлс како најголем фаворит за златниот медал влезе во трката на 200 метри, но на крајот го освои само бронзениот медал. По трката, тој имал проблеми со дишењето и се срушил на тартанот, па медицинските екипи веднаш интервенирале.

Лајлс е хоспитализиран, а од американскиот олимписки тим открија дека тој трчал заразен со ковид-19 откако пред два дена добил позитивен тест. Медицинскиот тим му препорачал дека не треба да настапи на 200 метри, но Лајлс сакал да ги обедини титулите откако победи на трката на 100 метри.

- Оглас -

Најнови вести