Шведски олимпиец се повлече од пливачка трка поради загадената река Сена

Шведскиот пливач Виктор Јохансон се повлече од трката на 10.000 метри, која се одржува на отворено, односно во водите на реката Сена во Париз. Причина е загадената вода, но и здравствените проблеми кои ги имаа триатлонците.

„Многу информации кружат наоколу, но она што сигурно го знаеме е дека луѓето се разболеа. Триатлонците беа во Сена околу 20 минути, па и покрај краткото време, на некои од нив им се слоши“, вели Јохансон.

Трката на 10.000 метри е многу повеќе од она што го пливаат триатлонците, па пливачите во загадената Сена ќе треба да минат околу два часа. Швеѓанецот за својата одлука доби поддршка и од медицинските лица.

- Оглас -

Најнови вести