Тјери Анри ѝ се закани на Шпанија: Сакам Франција да има уште поуспешна историја

Репрезентациите на домаќинот Франција и таа на Шпанија ќе играат денеска во големо олимписко финале во Париз. Франција на свој терен верува дека може да стигне до златниот медал, што би било прво вакво одличје на Игрите по сјајното одличје на ЛОИ во 1984 година.

„Ние имаме успешна фудбалска историја, а наша задача е да ја направиме да биде уште поуспешна. Затоа не размислуваме за второто или третото место, само за златото“, вели тренерот на Франција, прославениот Тјери Анри.

Двете селекции сосема заслужено се во финалето. Франција нареди пет победи, а Шпанија загуби само еднаш од Египет, и тоа во групната фаза во дуел кој немаше големо резултатско значење.

Сега Галските петли кои играат на свој терен ја имаат улогата на фаворити, но кога на спротивната страна за противник е Шпанија, никогаш не се знае како ќе биде конечниот исход.

- Оглас -

Најнови вести