Фудбалер на Баерн направил сообраќајка и побегнал од местото на настанот?!

Матајс де Лихт, фудбалерот на Баерн Минхен, е под истрага на германската полиција, по пријава од сведок дека вчера учествувал во сообраќајна несреќа, а потоа побегнал од местото на настапот. Де Лихт со својот автомобил „ауди“ удрил во неколку паркирани возила во близина на стадионот на Баерн Минхен, а потоа си заминал како ништо да не се случило.

По пријавата од сведокот, полицијата излегла на терен, возилото кое го управувал Де Лихт е однесено на вештачење, а фудбалерот е повикан да даде изјава. Доколку се утврди дека фудбалерот на Баварците навистина е виновен, му се заканува казна затвор до три години или парична казна.

- Оглас -

Најнови вести