Се огласи и Вучиќ: „Нека ни кажат кого не смееме да победиме“

Не стивнуваат реакциите по големиот пресврт и победата на САД над Србија со 95-91 во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Србите 38 минути имаа водство, а според нив, една од причините за поразот се и судиите.

Со реакција на социјалните мрежи излезе и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој напиша: „Во која земја ова не се чекори? Следниот пат нека ни кажат однапред кого не смееме да победиме“.

Србија во мечот за третото место ќе игра против актуелниот светски шампион, Германија.

- Оглас -

Најнови вести