Српските ватерполисти ги одмаздија кошаркарите и го совладаа САД во полуфиналето на ЛОИ

Репрезентацијата на Србија е во финалето на ватерполо турнирот на Летните олимписки игри во Париз откако во полуфиналето ги совладаа колегите од САД со 10-6. Ова можеби е мала одмазда за синоќешниот пораз на српските кошаркари од САД, но воопшто не е изненадување ако се знае дека ова e трето финале по ред за Србија во ватерполо на Олимпијадите.

Србија иако доживеа три порази на оваа Олимпијада, сепак стигна до големото финале, а колку за споредба, Шпанија има само еден пораз, а ќе игра за петтото место.

Мечот започна израмнето, а клучната предност Србите ја направија во втората и четвртата четвртина, кои ги добија со по два гола разлика. Вториот финалист ќе го дознаеме откако ќе се одигра и второто полуфинале, помеѓу Унгарија и Хрватска, па доколку Хрватите победат, може да гледаме и големо балканско дерби во финалето на Олимпијадата.

- Оглас -

Најнови вести