Македонскиот прволигашки клуб Шкендија доведе уште едно ново засилување во пресрет на стартот на новата сезона. По враќањето на Бесарт Ибраими, кој се раздели со Струга Трим Лум и повторно потпиша за тетовскиот тим, раководството на Шкендија го ангажираше и фудбалерот за врска Валон Ахмеди. Тој по четири години се враќа во Шкендија.
Валон Ахмеди во 2020 година за Шкендија одигра 17 натпревари и постигна четири гола.
Договорот на Ахмеди со Шкендија е на две години. Во кариерата има играно во Шахтјор Солигорск, Целје, Марибор, Ирони Кирјат Шмона, Интер Запрешиќ.