Канaѓаните славеа во штафетата 4 х 100 метри, Американците дисквалификувани

Машката штафета на Канада го освои златниот медал во трката на 4 х 100 метри, на Олимписките игри во Париз откако во финалето истрча со време 37,50 секунди.

Штафетата на САД ја нема во конечниот пласман бидејќи е дисквалификувана поради престап при првата измена. Американците завршија на седмото место, но тоа нема да им се смета во пласманот.

За Канаѓаните трчаа Арон Браун, Џероми Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас, а зад нив завршија Јужна Африка (37,57 секунди) и Велика Британија (37,61 секунди).

- Оглас -

Најнови вести