Пет меча на кои домаќините се апсолутни фаворити за победа

3135 Црвена звезда – Нови Пазар (20 ч.)

Во последните четири години овие две екипи одиграле 10 меча и на сите имало барем три погодоци, а на девет од нив славеше Црвена звезда. Актуелниот српски првак и сезонава започна офанзивно и во трите меча што ги одигра во новата сезона одигра со 4+, што е само потврда дека може да се очекува да има голеада и вечерва на „Рајко Митиќ“.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.65)

 

1658 Андерлехт – Леувен (20:45 ч.)

Со две победи започна Андерлехт во новото првенство на Белгија, со што само потврдува дека е главен фаворит за титулата. Леувен е тим со квалитет кој треба да се бори за место на средината од табелата, но знае да ги изненади и фаворитите, па така во последните осум дуели против Андерлехт има дури пет нерешени средби.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.86)

 

3403 Славија Прага – Сигма Оломуц (20 ч.)

Двата тима освоија по седум бодови по првите три одиграни кола, но факт е дека Славија посебно кога игра на домашен терен е голем фаворит за освојување на трите бодови.

На последните три меѓусебни дуели секогаш било со многу голови и завршувало ГГ4+, комбинација која секогаш носи примамливи квоти.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

1634 ПСВ Ајндховен – РКЦ Валвијк (21 ч.)

ПСВ имаше неуспешна подготовка за новата сезона откако на пенали го загуби мечот од Супекупот против Феенорд, откако по 90 минути беше 4:4.

Сепак, РКЦ Валвијк не ривал од калибарот на Феенорд, па ПСВ има девет победи по ред со овој ривал, а пет пати имало барем четири погодоци. Едноставно нема дилема дека домаќинот треба да победи, само прашање е колку погодоци ќе има во мрежата на гостите.

Предлог тип: Т1 1+I &2+II (2.15)

 

1544 Порто – Жил Висенте (21:30 ч.)

Порто со трофеј ја стартуваше новата сезона, откако го освои Супер купот и тоа во неверојатен меч, губеше со 3:0 од Спортинг, а на крајот славеше со 4:3. Неверојатно делува фактот дека кога Порто игра против Жил Висенте, на последните девет меѓусебни дуели на крајот резултатот бил со два или три погодоци, а секако Порто најчесто се радувал.

Предлог тип: 1&2-3 (2.55)

- Оглас -

Најнови вести