Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен има нов стопер. На „Паркот на принцовите“ пристигна Еквадорецот Вилијан Пачо за кого беа платени 45 милиони евра, кои ќе завршат на сметката на Ајнтрахт од Франкфурт.
Еквадорскиот дефанзивец пред само две години дојде во Европа. Одигра една сезона во Антверпен во Белгија, па направи трансфер во Ајнтрахт за девет милиони евра, а по само една сезона во Бундеслигата, сега прави трансфер вреден 45 милиони евра за да го облече дресот на францускиот гигант ПСЖ.
Пачо е третото засилување за Светците во пресрет на новата сезона, откако претходно пристигнаа Матвеј Сафонов од Краснодар за 20 милиони евра и Жоа Невеш од Бенфика за 60 милиони евра. Тоа значи дека ПСЖ веќе потроши 125 милиони евра за доведување на нови играчи.