Бајка на годината: За 400 дена од трета лига до херој во освојувањето на олимпиското злато

Не само во поединечните туку и во екипните спортови може да се најде интересна спортска приказна на Олимписките игри во Париз. Еден од хероите на Игрите е Фермин Лопес кој во само два месеци се радуваше на две големи титули.

Пред еден месец Лопес беше дел од шпанската репрезентација која го освои Европското првенство, а вчера се закити и со олимпиското злато на Игрите во Париз. Интересно е дека пред само нешто повеќе од една година, Лопес беше играч кој беше дел од третата лига во Шпанија, а сега е национален херој.

Роден е во малото шпанско градче Кампилја во Андалузија. првите фудбалски чекори ги има направено во тимот на Рекреативо, а со наполнети девет години заминува во академијата на Бетис. Таму го забележале скаутите на Барселона и во 2016 година, кога имал само 13 години, доаѓа во најпознатата фудбалска школа во светот, „Ла Масија“.

Откако ги поминал сите младински категории, сфатил дека конкуренцијата е жестока, па знаел дека ќе биде тешко и да дебитира во Барселона Б. Затоа, прифатил да оди напозајмица во малиот клуб Линарес, кој игра во третата лига. Со 12 постигнати голови, го „предизвика“ Чави Ернандес да го повика и да му даде шанса да биде дел од летните подготовки минатата сезона.

На летните подготовки Фермин даде гол против Реал Мадрид, матирајќи го Тибо Куртоа и тоа беше клучно да добие шанса во првиот тим. Од тој момент, до сега, Лопес го потпишува првиот договор со Барселона, промовиран е во првиот тим, постигнува дебитантски гол, беше прогласен и за играч на меч.

Млдиот Фермин заигра и во Лигата на шампиони и постогна гол. Потоа доби повик за настап во младата репрезентација на Шпанија, а формата му напредуваше па даваше голови и против Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, како и погодок во нокаут фазата од Лигата на шампиони.

Првата сезона во дресот на Барселона ја заврши со 11 погодоци, а потоа доби повик за настап во сениорскиот тим на Шпанија. Фермин е во составот на Црвената фурија на Европското првенство каде стигна до златниот медал, а сега на ЛОИ во Париз постигна дури шест гола и стана најдобар стрелец во олимписката историја на шпанската репрезентација, која го освои златото.

- Оглас -

Најнови вести