Србите освоија олимписка бронза откако ја прегазија Германија

Кошаркарската репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир откако ја совлада Германија со 93-83. По шокот што го доживеаја против Американците, кога водеа цели 38 минути, а на крајот испуштија шанса да го победат Дрим тимот на САД, избраниците на Светислав Пешиќ сепак покажаа класа против Германија.

Најважно е што успеаја брзо психолошки да се вратат и да влезат подготвени во мечот за бронзата.

Србија го доби првиот период со 30-21, а на полувреме замина со осум поени позитива (46-38).

Не дозволија да падне предноста на едноцифрена разлика и заслужено се закитија со бронзен медал.

Никола Јокиќ постигна трипл-дабл, со 19 поени, 12 скока и 11 асистенции, а Василије Мициќ исто така беше стрелец на 19 поени.

Во финалето на кошаркарскиот олимписки турнир вечерва (21.30 часот) ќе играат селекциите на Франција и на САД.

- Оглас -

Најнови вести