Вест Хем официјално го објави ангажманот на Жан-Клер Тодибо. 24-годишниот дефанзивец пристигнува од Ница. Првично, тој доаѓа на позајмица, но во договорот има опција за купување за сума од 40 милиони евра.
Интерес за Тодибо покажа и Јувентус, но италијанскиот клуб не успеа да постигне договор со Ница. Манчестер јунајтед исто така беше заинтересиран за неговото доведување, но УЕФА го забрани таквиот трансфер поради фактот што компанијата „Инеос“, која има удел во англискиот премиерлигаш, е сопственик на францускиот клуб.
West Ham United is delighted to announce the signing of France international defender Jean-Clair Todibo 🇫🇷
— West Ham United (@WestHam) August 10, 2024
The 24-year-old joins the Hammers from Ligue 1 club OGC Nice on an initial season-long loan, with an option to make the transfer permanent in summer 2025.
Тодибо е седмото ново засилување за Вест Хем ова лето. По назначувањето на Хулен Лопетеги за нов менаџер, клубот ги доведе Макс Килман, Луис Гиљерме, Кришенсио Самервил, Никлас Фулкруг, Гвидо Родригес и Вес Фодерингем.
„Многу сум возбуден што пристигнав во Вест Хем. Ова е остварување на сонот, да играм во Премиер лигата, најдоброто првенство во светот. Ова е одлична можност за мене да бидам дел од клуб со големи амбиции, кој сака да се развива под водство на новиот менаџер. Почувствував дека ова е вистинскиот момент да дојдам во Вест Хем, во срцето на Лондон“, изјави Тодибо.