Американките после 12 години повторно со женско фудбалско злато, Бразил третпат загуби во финале (Видео)

Репрезентацијата на САД по петтипат е освојувач на златниот медал на женскиот фудбалски турнир на Олимпијадите. Женскиот фудбал првпат беше воведен во 1996-тата година на игрите во Атланта, а од тогаш до сега на вкупно осум турнири, САД се неприкосновени со пет титули, но ова е прва титула после 12 години, откако на претходните два турнири победуваа Германија и Канада.

Американките попладнево во финалето го совладаа Бразил со минимални 1-0, а единствениот гол беше дело на Мелори Свансон во 57-мата минута. Третото место го освои Германија, која беше подобра од Шпанија во борбата за бронзениот медал.

За Бразил ова беше трето загубено финале во женска фудбалска конкуренција, откако беа поразени и во 2004-тата и 2008-тата и тоа од истиот противник, САД.

- Оглас -

Најнови вести