Кошаркарската репрезентација на САД го совлада домаќинот на Олимпијадата, Франција, во финалето на машкиот кошаркарски турнир со 98-87 и дојде до својот 17-ти златен медал во историјата на игрите.
За американците ова е петти златен медел по ред, а само четирипати во историјата друга репрезентацијата победувала. Франција предводена од Виктор Вембанјама се обиде колку што може повеќе да им ја отежни задачата на НБА ѕвездите од селекцијата на САД, но се што успеаја е да ги задржат на едноцифрена разлика во финишот и да не им дозволат рано да почнат со прославата.
Кошаркарите на САД почнаа сигурно, ја добија првата четвртина со 20-15, а на полувремето отидоа со предност од 49-41. Франција се закани во третата четвртина, единствената која ја добија, но тоа не беше доволно за да се загрози победата на дрим тимот.
Стеф Кари со четири тројки во последните четири напади ги реши сите дилеми околу победник, доколку и воопшто ги имаше. За Франција ова е четврто загубено финале на кошаркарските турнири на Олимписките игри.
Најефикасен во победничкиот состав беше Стеф Кари со 24 поени, сите тројки. Во селекцијата на Франција, но и воопшто на натпреварот најефикасен беше Виктор Вембанјама со 26 поени.