Почнува новата сезона во мак-фудбалот: 12 желби за круната на Струга (Фото)

Фудбалските прволигаши денес ќе означат старт на 33-тата сезона во македонскиот фудбал. 12 екипи влегуваат секој со свои амбиции и калкулации, а главната цел е титулата која последните две години ја освојува екипата на Струга Трим Љум.

Во првото коло ќе има еден натпревар кој ќе се игра под рефлектори, оној најинтересниот, во Струмица, помеѓу Брера и Вардар. „Црвено-црните“ од Скопје влегуваат со високи амбиции оваа сезона, а квотата за победа на тешкото гостување е фантастична, дури 3.80 во понудата на Sport Life.

Шампионот Струга одбраната на титулата ја започнува со домашен меч против освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш, па овој натпревар може да се прогласи и како Супер куп. Единствениот дебитант оваа сезона, Беса од гостиварско Добри дол, на домашен терен ја пречекува тетовска Шкендија, додека во дуелот на поранешните шампиони, Работнички на Националната арена во Скопје ќе го пречека Силекс.

Засилениот Гостивар гостува кај повратникот во првата лига, Пелистер, додека Шкупи на стадионот во Маџари ќе ја прече Воска.

- Оглас -

Најнови вести