Кошаркарот на САД се шегува на своја сметка: „Кога нема да направиш ништо, а ќе добиеш медал“

Кошаркарот на Индијана пејсерс, Тајрис Халибартон, имаше убедливо најмала минутажа во репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз. Тој настапи на само три од шестте натпревари и собра нешто над 25 минути на паркетот.

Тоа беше причина кошаркарот да напише на социјалните мрежи: „Кога нема да направиш ништо во групен проект, а сепак на крајот добиваш петка“, со прикачена фотографија од медалот.

- Оглас -

Најнови вести