Пред два и пол месеци „Комитите“ ја направија една од најубавите сцени во Струмица, нека биде така и вечерва (Видео)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, скопски Вардар на гости кај Брера во Струмица ја започнува новата сезона од домашното првенство. Црвено-црните имаат одлични спомени од последниот меч кој го играше во Струмица. На 26 мај Вардар играше против Детонит во дуел за опстанок во Прва лига.

Вардар победи со 2:0, а на стадионот „Благој Истатов“ беше видена една од најубавите навивачки сцени во последно време. Исполнети беа трибините, а најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“ направија одлична атмосфера.

Посебно впечатлив беше моментот кога цел стадионо во еден глас ја запеа популарната песна „Заветна“. Сигурно секој вардаров навивач посакува иста атмосфера и ист конечен исход во првото коло од новата сезона во која Вардар најави дека има големи амбиции и по пауза од неколку години борба за преживување, очекува подобри времиња.

- Оглас -

Најнови вести