Репрезентацијата на Данска е нов олимписки првак, откако во финалето на турнирот во Париз, на убедлив начин ја победи Гераманија со 39:26. Со овој резултат Данска го повтори успехот од Игрите во Рио де Жанеиро кога прв пат станаа олимписки шампиони.
Само во почетните неколку минути Германија даваше отпоркога Данска водеше со 6:5. Потоа следуваше серија од 6:0 на Данците за предност од 12:6. Како одминуваше времето во првото полувреме, Данска ја зголемуваше предноста, па во 28 минута водеа со неверојатни 11 разлика (21:10). До крајот на првиот дел Германија даде два гола и намали на 12:21 пред паузата.
Во вториот дел, актуелниот светски првaк Данска продолжи со одличната игра, па поведе и со 12 разлика (26:14) во 35 минута, а во 49 минута разликата стигна и 15 гола (35:20), па на крајот повеќе од заслужено, со осум победи во осум меча стигна до олимпиското злато.