Османи: Знаевме дека Тиквеш ќе се брани, ама не постојано и со сите сили

Македонскиот шампион Струга Трим Лум успеа да стигне до победа на стартот на новата сезона во Првата лига. Тимот на Ќатип Османи во финишот од мечот го скрши отпорот на Тиквеш и победи со 1-0, со голот на Басиру Компаоре.

„Не одигравме како што посакувавме, но најважно е што ја остваривме целта и на крајот ги освоивме трите бода. Во текот на првото полувреме екипата не одигра како што треба, но во вториот дел бевме подобри, поопасни, што беше пресудно за победата. Да бидам искрен, бевме свесни дека Тиквеш ќе дојде во Струга да се брани, но не до овој степен. Нивната игра се базираше на контранапади, а преку нив ни се заканија по еднаш во двете полувремиња, но тоа беше сè од нив, а со оглед на тоа што постојано го баравме голот, на крајот бевме наградени“, изјави Ќатип Османи.

Струга Трим Лум имаше релативно куса европска авантура ова лето, а сега комплетно се фокусира на одбрана на шампионската титула во македонското првенство.

- Оглас -

Најнови вести