Нико Вилијамс ја доби „десетката“ на Атлетик Билбао, трансферот во Барса е речиси невозможен

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс и понатаму е еден од најбараните фудбалери ова лето, откако имаше блескави настапи на Европското првенство. Секојдневно пристигнуваат различни информации поврзани со неговата иднина.


Тој е голема желба на Барселона, но за него има интерес и од Пари Сен Жермен и од Манчестер сити. Се појави информација дека тој одговорил потврдно за евентуален трансфер на „Камп ноу“, но сега доаѓаат сосема спротивни информации од Шпанија.

Атлетик Билбао на Нико Вилијамс му го даде дресот со број „10“ за новата сезона, со што навести дека тој останува во клубот.

„Горд сум што ќе го носам бројот кој го носеше Икер Мунијаин и што ќе пишувам историја на клубот“, изјави Нико Вилијамс.

Барселона сè уште го посакува, но сега неговиот трансфер е речиси невозможен.

- Оглас -

Најнови вести