Реал Мадрид го завршува реновирањето на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ и ќе достигне ново ниво на функционалност. За реновирањето на стадионот беа потрошени 1,5 милијарди евра, а капацитетот се зголеми на 85.000 гледачи. Реал Мадрид сега има мултифункционален дом и освен фудбалски натпревари, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе може да има и концерти, мечеви од НФЛ, тениски дуели, а е поставен и подвижен покрив.
Во реновирањето на стадионот беа поставени и нови 300 Супер ВИП места каде што шпанските и странските богаташи ќе може да купат свое место по цена од 250.000 евра.
Од Кралскиот клуб најавуваат дека тие места ќе бидат подобри од останатите, а целта е да се привлечат милионерите за кои воопшто не треба да е проблем да платат 250.000 евра за да бидат на посебно определени места на најмодерниот стадион во Шпанија.
Местата ќе бидат достапни само за членовите, кои ќе треба да платат влезна котизација од 250.000 евра во следните 30 години, како и годишниот бонус. Супер ВИП местата ќе бидат подготвени за купување следната година, со што ќе станат најскапите места во историјата на фудбалот.
Легендарниот стадион кој е отворен во далечната 1947 година досега неколкупати бил реновиран, а последното реновирање беше неодамна завршено.