Екипата на Ал-Хилал дојде до првиот трофеј во новата сезона во Саудиска Арабија откако го совлада Ал-Ахли во Супер купот дури по изведувањето на пеналите.
Роберто Фирмино во 66-тата минута го донесе Ал-Ахли во водство од 1-0, резултат кој беше актуелен сè до 90-тата минута, но тогаш Александар Митровиќ успеа да израмни и да се избори за пенали.
Таму фудбалерите на Ал-Хилал беа многу поуспешни. Невеш, Ал-Давсари, Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ беа прецизни реализатори, а за Ал-Хилал погоди само Фирмино, додека Веига и Ибанес не беа прецизни.