Фудбалерите на Реал се фаќаат за глава: Се повреди клучен фудбалер пред Супер купот против Аталанта (Видео+Фото)

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва на Националниот стадион во Варшава го имаа последниот тренинг пред утрешниот меч од Супер купот на Европа против Аталанта. Иако тренингот започна во ведра атмосфера, сепак не заврши така, и тоа пред сè поради тешката повреда на Едуардо Камавинга.

Тој по еден дуел легна на тревата и се слушна силен врисок, а Карло Анчелоти веднаш го прекина тренингот. Нема информација за каква повреда се работи, но според реакцијата на останатите фудбалери кои се држеа за глава, веројатно се работи за посериозна повреда која ќе го оддалечи фудбалерот од терените и речиси сигурно нема да игра утре против Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести