Светските рекордери во скок со стап и на 400 метри со пречки закажаа дуел на 100 метри

Актуелните светски рекордери во скок со стап и на 400 метри со пречки, Арманд Дуплантис и Карстен Вархолм, закажаа дуел на 100 метри на митингот од Дијантската лига на четврти септември во Цирих.

Двајцата веќе подолго време планирале ваков дуел, а сега е вистинската шанса светот да види еден поинаков спектакл. Швеѓанецот Дуплантис на Олимписките игри во Париз освои златен медал со прескокнати 6.25, резултат за нов светски рекорд, додека атлетичарот од Норвешка на 400 метри со пречки заврши на втората позиција, веднаш зад Реј Бенџамин.

Вархолм во 2017 година истрча 10.49 на 100 метри, додека Дуплантис уште од средношколските денови има 10.57, но со недозволен ветер во грб, а во Цирих се очекува неизвесна трка.

- Оглас -

Најнови вести