Роналдо најави уште една успешна сезона: Гол и асистенција во првиот меч за Ал-Наср (Видео)

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо одлично ја започна сезоната. Во својот прв официјален натпревар за Ал-Наср тој постигна гол и асистираше. Неговиот тим го победи Ал-Таавон со 2:0 во полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Саудиска Арабија.
Во финалето, Ал-Наср ќе се соочи со Ал-Хилал, кој вчера го елиминира Ал-Ахли по изведување на пеналите.

Во осмата минута португалскиот ас му асистираше на Ајман Јахја, кој го отвори резултатот.


Роналдо се запиша меѓу стрелците во 57-мата минута, по асистенцијата на Ал Ганам, а Ал-Наср веќе имаше комфорно водство кое го задржа до крајот на натпреварот.


Во дополнителното време од второто полувреме, Марсело Брозовиќ доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести