Реал Мадрид ја совлада Аталанта со 2-0 во Варшава, во меч од европскиот Суперкуп и на првиот официјален натпревар оваа сезона веднаш освои трофеј. Овој натпревар ќе остане запаметен и по дебито на Килијан Мбапе, кој со гол ги постави конечните 2-0.
„Одлична вечер. Долго го чекав овој момент, да играм во овој дрес, со овој грб, за овие навивачи. Многу сум среќен. Голот е важен, јас сум напаѓач, мораме секогаш да победуваме. Многу сум среќен. Ги имаме најдобрите фудбалери на сите позиции, мора уште да напредуваме. Јас сум првиот кој ќе напредува. Ние сме Реал Мадрид. Не е важно да постигнам 50 гола, но ако можам, тогаш ќе дадам и 50 гола. Мораме да победуваме, секогаш сакаме повеќе“, рече Килијан Мбапе по првиот натпревар во дресот на Реал Мадрид.