Навивачката група Комити одговори на предизвикот и на најавата на Чкембари дека в недела ќе гостуваат во Скопје на вечното дерби на македонскиот фудбал меѓу Вардар и Пелистер.
„Коњи брзајте“, им порачаа Комитите на своите ривали, најавувајќи „пеколно издание“.
Ова може само да радува, се буди навивачката сцена во македонскиот фудбал, а секако би сакале и сѐ да мине во најдобар ред, во еуфорија и навивачка грозница, но без инциденти.