Kадетската ракометна репрезентација на Македонија ја победи Италија со 23-19 и успеа да го задржи елитниот статус. Ова е многу значаен триумф поради кој и во иднина нашите ракометни надежи ќе се натпреваруваат со најдобрите репрезентации во Европа.
Македонија подобро го стартуваше мечот, но Италија успеа да ја анулира негативата и на одмор да се замине со 11-11.
Во второто полувреме нашиот национален тим одигра многу подобро и обезбеди позитива за триумф. Најефикасен во составот на Македонија беше Дамјан Митев со шест постигнати гола.