Јувентус ја зголеми понудата за Копмајнерс

Јувентус ја зголеми понудата кон Аталанта за Тун Копмајнерс. Бјанконерите го зголемиле предложениот износ на 52 милиони евра, плус уште 7 милиони во форма на бонуси, соопштува „Кориере дело спорт”. Така, вкупната сума на трансферот изнесува 59 милиони евра, што веќе се доближува до барањето на клубот од Бергамо за 60 милиони евра за Холанѓанецот.

Всушност, овој трансфер нема значително да го оптовари буџетот на Јувентус за оваа година бидејќи тие сакаат да го договорат исплаќањето на сумата во неколку рати до 2028 година. Само 15 милиони евра ќе ѝ бидат префрлени на Аталанта веднаш, додека останатите 37 милиони ќе бидат распределени во неколку рати во следните години.

Според информациите од Апенините, Аталанта речиси сигурно ќе ја прифати оваа понуда на Јувентус и договорот ќе биде финализиран во наредните денови. Како што е познато, играчот веќе ги договорил личните услови со Јувентус и чека двата клуба да постигнат договор.

- Оглас -

Најнови вести