Гвардиола купи млад напаѓач од Вест хем, но дали тоа ќе ги задоволи неговите апетити?

Англискиот шампион Манчестер сити го договори 19-годишниот напаѓач Дајвин Мубама. Неговиот договор со Вест хем истече, но сепак Граѓаните мораа да постигнат договор со досегашниот клуб за компензацијата што му ја должат за изградбата на фудбалерот од неговите осум години. Договорената сума е 1,5 милиони фунти.

Младиот репрезентативец на Англија, кој минатата сезона одигра 12 натпревари за Вест хем, беше пред трансфер во португалскиот Фамаликао, но во последен момент доаѓа во Манчестер сити.

Пеп Гвардиола има потреба од офанзивни играчи бидејќи Хулијан Алварес беше продаден на Атлетико Мадрид, а Оскар Боб пред неколку дена се здоби со фрактура на ногата. Сепак, прашање е дали менаџерот на Манчестер сити ќе се задоволи само со ангажманот на Мубама.

- Оглас -

Најнови вести