Микел Мерино ги одби Барселона и Атлетико Мадрид за да потпише за Арсенал

Микел Мерино е на чекор да стане нов играч на Арсенал откако се очекува да го напушти Реал Сосиедад. Според информациите од Островот, Арсенал ќе го добие играчот за значително пониска цена од неговата проценета вредност од 50 милиони евра.


Причината е што неговиот договор со Реал Сосиедад истекува следното лето, а клубот би можело да го изгуби без надомест ако почека до јануари.

Мерино беше интересен и за Барселона и за Атлетико Мадрид, но тој е решен да се пресели во Премиер лигата и тука е предноста на Арсенал.

Микел Артета со раширени раце го чека Мерино и верува дека тој може да донесе нов дополнителен квалитет во средниот ред на лондонскиот тим, кој и оваа сезона ќе се бори за шампионскиот трофеј во англиската фудбалска елита.

- Оглас -

Најнови вести