Њукасл е упорен, испрати и четврта понуда за да го купи англискиот репрезентативец

Њукасл испрати четврта понуда до Кристал палас за централниот дефанзивец Марк Гуехи, кој е главна трансферна цел на тимот во летниот трансферен прозорец. Според медиумите на Островот, најновата понуда се приближува до минималната сума од 65 милиони фунти што ја бара Кристал палас.

Ако се постигне договор, тоа ќе биде рекорден трансфер за Њукасл, надминувајќи ја сумата од 60 милиони фунти платена за Александер Исак, кој досега е најскапата аквизиција во историјата на клубот.


Продажбата исто така би била рекордна и за Кристал палас, надминувајќи ги оние 50 милиони фунти што ги добија од Манчестер јунајтед за Арон Ван-Бисака во 2019 година.


Во текот на викендот се очекува многу работи да бидат познати околу трансферот на Марк Гуехи во Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести