1539 Санта Клара – Порто (18.00 часот)
Двете екипи стартуваа со убедливи победи во првото коло од првенството на Португалија. Санта Клара на гости го победи Есторил со 1-4, а Порто дома славеше против Жил Висенте со 3-0. Јасно е кој е фаворит, Порто е блиску до триумф, но очекувањата се дека сепак на овој натпревар нема да има голеада.
Предлог тип: 2 & 0-4 (1.74)
1645 Рода – Осс (20.00 часот)
Рода имаше очаен старт на сезоната во второлигашкото друштво на Холандија и загуби со 6-1 на гости од вториот тим на АЗ Алкмар. Но, ќе треба веднаш да се консолидира и да покаже дека е една од екипите кои размислуваат за пласман во елитата.
Рода на домашен терен е фаворит против Осс, а очекувањата се дека на овој дуел ќе има и најмалку три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.82)
1704 Ле Авр – ПСЖ (20.45 часот)
ПСЖ го почнува животот без Мбапе. Сепак, францускиот првак и без него има најквалитетен тим во лигата и нема сомнение декас Луис Енрике ќе сака да стартува со триумф. Предлогот е дека на натпреварот ќе има најмалку два, а најмногу пет гола и дека ПСЖ ќе слави.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.91)
1001 Манчестер ј. – Фулам (21.00 часот)
Почеток на Премиер лигата. Манчестер јунајтед има неколку значајни промени во тимот и нејасно е колку од новите засилувања уште на стартот ќе добијат шанса од Ерик тен Хаг. Фулам е квалитетен тим, сигурно ќе сака да остане непоразен на „Олд Трафорд“, а нашиот предлог е да се одигра на голови. Најмалку еден, а најмногу три гола – во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.79)
2889 Улм – Баерн Минхен (20.45 часот)
Почеток на сезоната во Германија со мечеви од Купот. Баерн Минхен знаел непријатно да изненади во ова натпреварување, но сигурно дека Винсан Компани ќе сака да има позитивен почеток на клупата на баварскиот тим. Очекувањата се дека Баерн ќе победи, а на мечот ќе има најмалку четири, а најмногу шест гола.
Предлог тип: 2 & 4-6 (2.01)