Горан Пандев е македонскиот фудбалер кој го одбележа досегашниот период од 21 век. Легендарниот Пандев ги освои сите највредни трофеи, како што се тие во Лигата на шампионите, Светско клупско првенство, беше првак на Италија, а има и неколку куп-трофеи во Италија.
Голгетерот, кој како капитен ја предводеше Македонија и на првото Европско првенство, каде што и е запишан како стрелец на првиот погодок за Македонија на континентален собир, беше гостин на една емисија „Моите ТОП 11“ во која Пандев ги одбра најдобрите 11-мина фудбалери со коишто играл.
Интересен беше изборот на Пандев, посебно затоа што требаше во составот да вметне по еден фудбалер од секоја екипа во којашто настапувал, како и соиграч од македонската репрезентација.
Во една таква комбинација, Пандев за најдобри 11 ги одбра:
Голман: Џанлуиџи Буфон (Парма),
Одбрана: Стефан Ристовски (Македонија), Валтер Самуел (Интер), Ванчо Костов (Беласица),
Среден ред: Марек Хамшик (Наполи), Дејан Станковиќ (Интер), Милан Бадељ (Џенова), Весли Снајдер (Галатасарај),
Напад: Лука Коти (Специја), Милан Рапаиќ (Анкона), Томазо Роки (Лацио).
Тренер: Жозе Мурињо.