Компани ја исфрли ѕвездата од екипата на Баерн, па Ливерпул веднаш се јави да го купи

Екипата на Баерн Минхен вечерва ќе го одигра првиот официјален натпревар во новата сезона, и тоа од првото коло на Купот на Германија. Противник на Баварците ќе им биде второлигашот Улм, а во составот нема да биде еден од клучните фудбалери од претходните сезони, Леон Горецка.

Него го немаше и на подготвителните натпревари, па германските медиуми шпекулираа дека е повреден. Сепак, денес се појави информација дека Винсан Компани го отстранил од екипата и му најавил дека нема да смета на неговите услуги. Тој за дуелот од Купот на Германија ќе биде на трибините и воопшто нема да биде во составот.

Откако се појави оваа информација, раководството на Ливерпул веднаш се заинтересира за неговиот потпис, па се очекува наскоро да започнат и преговорите меѓу екипите. Горецка има важечки договор до 2026, а моменталната вредност му е 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести