Ракометарите на Вардар се први финалисти на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“ откако ја забележаа и втората победа, овојпат над Ескилстуна од Шведска со 32-18. За скопските „црвено-црни“ ова ќе биде можност да се одбрани трофејот што го освоија минатата година, но и да дојдат до својот 15-ти триумф на турнирот во Струга.
Вардар немаше големи проблеми против составот од Шведска и по израмнетиот почеток, се одлепија и на паузата заминаа со предност од 14-7. Разликата во корист на вицешампионот на Македонија постојано растеше и во вториот дел, сè до конечните 32-18.
Вечерва ќе биде одигран и дуелот помеѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК, по што ќе биде познат противникот на Вардар во финалето кое ќе се одигра утре.