Екипата на ПСЖ забележа победа на првиот натпревар после заминувањето на Килијан Мбале, откако вечерва со убедливи 1-4 победи на гостувањето кај Ле Авр во првото коло од првенството на Франција.
Мечот започна фантастично за „светците“, со оглед на тоа дека Ли Канг-ин успеа да постигне погодок уште во третата минута, но домашните преку Лорис израмнија во 48-мата минута. ПСЖ долго се мачеше да дојде до победата, но на крајот тоа го направи на убедлив начин со три гола разлика, кои ги постигнаа од 85-тата до 90-тата.
Осман Дембеле во 85-тата минута ги донесе светците во водство од 1-2 и ја најави победата, а Бредли Баркола само една минута подоцна зголеми на 1-3. Конечните 1-4 беа дело на Рендал Коло Муани во 90-тата минута од пенал.