Португалските медиуми открија скандал во кој во главна улога е сега веќе поранешниот судија Артур Соарес Дијас (45 години) и долгогодишниот претседател на Порто, Жорге Нуњо Пинто да Коста кој има 86 години.
Дијас објави дека оди во пензија откако во претходните 20 години судеше во првата португалска лига. Тој е судијата кој во 2010 година стана и најмладиот португалски судија со знакот на ФИФА. Во кариерата судеше на 704 натпревари.
Судијата објави дека заминува во пензија и тоа истиот ден кога се појави снимката на која се гледа како тој заедно со екс претседателот на Порто заедно уживаат на приватен базен.
Пинто да Коста беше прв човек на Порто цели 42 години, а од функцијата си замина лани. Судијата Дијас е роден во Порто, а неколку години наназад беше посочуван како омилен арбитар на гигантот од неговиот роден град.
Минатата сезона тој му судеше на Порто на три меча и секогаш славеше фаворитот, додека противничките фудбалери добија вкупно 14 жолти картони, еден црвен и беше досуден еден пенал во корист на Порто.
Тој беше дел и од арбитрите кои ја делеа правдата на неодамна завршеното Европско првенство во Германија. Во групната фаза ги судеше мечевите Холандија – Полска (2:1) и Англија – Данска (1:1), а потоа беше главен и на дуелот од осминафиналето меѓу Турција и Австрија (2:1).