МотоГП воведува нова казна

Комисијата на МотоГП усвои ново казнено правило кое ќе се користи од стартот на новата сезона. Станува збор за „продолжен круг“, според кој возачите ќе мора да возат по одредена рута поради која ќе имаат полошо време за да ја отслужат споменетата казна.

Возачите го тестрираа ова правило на претсезонските подготовки во Катар. Од комисијата се надеваат дека ова е правилен начин да се казнат возачите наместо да им се одземаат секунди, односно губење на позиции, а ќе важи за сите подеднакво.

„На секоја патека ќе биде дефинирана рута и ќе има означени безбедни места околу самата патека на која ќе може да се вози во моменти кога ќе биде потребно. Таа рута ќе им овозможи на возачите да доцнат со неколку секунди во однос на најбрзото време. Посебната рута ќе биде во најчест случај на асфалтот околу свиоците или околу просторот до самата патека“, велат од комисијата.

Новата МотоГП сезона ќе стартува на 10-ти март со трката за Големата награда на Катар во Сепанг, а шампионската титула ја брани возачот на Хонда, Марк Маркес.

- Оглас -

Најнови вести