Македонските одбојкарки поразени од Австрија

Македонските одбојкарки загубија од Австрија со 3:0 (25:14, 25:17, 25:20) во првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2026.


Во салата „Јане Сандански” вечерва, противничките беа барем едно ниво погоре, а нашата репрезентација имаше добри моменти особено во третиот сет кога водеше со 14:10 и организираше контра за предност од пет поени. Сепак, на крајот Македонија загуби убедливо, во три сета.


Тамара Стојанова беше најефикасна кај нас со 12 поени, Мери Бошковска освои 7, а Ерјона Јонузи забележа 6 поени.

- Оглас -

Најнови вести