Еурофарм Пелистер го освои Струшкиот турнир со триумф над Вардар

Актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер го победи Вардар 1961 со 29-26 во финалето на Струшкиот ракометен турнир. Вардар ја бранеше титулата на турнирот, но сега трофејот оди во рацете на битолскиот тим.

Шампионот на полувреме замина со два гола предност (13-11), а Вардар успеа да израмни на 23-23 и во последните десетина минути двете екипи влегоа со егал.

Сепак, на крајот поконцентрирани беа ракометарите на Еурофарм Пелистер и успеаја да слават победа.

- Оглас -

Најнови вести