Ѓоковиќ се испроба во нов спорт: „Тадеј Погачар, доаѓам по тебе“ (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на претстојниот УС Опен, а својата форма ја усовршува, меѓудругото и возејќи велосипед. Тој на социјалните мрежи објави симпатично видео.

Покрај тоа што се проба во нов спорт возејќи низ планинските предели, Ѓоковиќ испрати порака и до словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, трикратен шампион на Тур де Франс.

„Се враќам на тренинзите. Поставувам нови цели, следна станица – Тур де Франс. Доаѓам по тебе, Тадеј Погачар“, напиша Новак во шеговит тон.

УС Open започнува на 26 август и ќе трае до 8 септември, а токму Ѓоковиќ ќе ја брани титулата од минатата сезона, притоа ќе го брка својот 25-ти гренслем трофеј.

- Оглас -

Најнови вести