Чаби Алонсо за една година освои повеќе трофеи со Баер Леверкузен, отколку клубот во целата историја пред него

Шампионот Баер Леверкузен го освои Суперкупот на Германија по ремито од 2:2 во регуларното време и победата по изведување пенали против тимот на Штутгарт. Ова беше третиот трофеј во последната година за „аспирините“ во Германија, а сите беа освоени под водство на тренерот Чаби Алонсо.

Прво беше освоена шампионската титула во Бундеслигата, потоа Баер го победи Кајзерслаутерн во натпреварувањето за Купот на Германија, а сега следеше триумф и во Суперкупот.

Ова значи дека Алонсо е најуспешниот тренер во клупската историја на тимот од Леверкузен, бидејќи пред него клубот имаше само два трофеи во своите витрини. Едниот е од Купот на Германија од сезоната 1992/93, а другиот од Купот на УЕФА од сезоната 1987/88.

Чаби можеше да го повтори и европскиот триумф, но не успеа во финалето на Лига Европа, каде што Германците загубија од Аталанта со 0:3.

- Оглас -

Најнови вести