Голем инцидент во Турција: Нападнат претседателот на Фенербахче, кој заврши со крвава глава (Видео)

Фенербахче ремизираше (2-2) на гости кај Гезтепе во второто коло од турското првенство. Тимот на Жозе Мурињо на полувреме имаше два гола предност, но на крајот домаќинот со гол во 95.минута успеа да освои бод.

Сепак, овој натпревар се најде во фокусот на вниманието поради немил настан, напад врз претседателот на Фенербахче, Али Коч.


Првиот човек на турскиот гигант беше физички нападнат на теренот веднаш по завршувањето на мечот, а навивачите од трибините фрлаа со тврди предмети. Газдата на Фенербахче е нападнат од човек кој на себе имал акредитација на службено лице.

Напаѓачот брзо беше идентификуван и приведен, а на Коч мораше да му биде пружена итна медицинска помош.

- Оглас -

Најнови вести