Гундоган заминува од Барселона?

Германскиот интернационалец Илкај Гундоган е пред заминување од Барселона. Тој наводно им соопштил на раководните луѓе на Барселона дека сака да го напушти клубот до крајот на летниот трансфер период.


За Гундоган има интерес од турските гиганти Фенербахче и Галатасарај, а има и неколку огромни понуди да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Сепак, главната причина за заминувањето е фактот дека тој не се снајде најдобро во каталонскиот гигант и не се наметна како лидер на тимот.

Гундоган се пресели од Манчестер сити во Барселона минатото лето и за каталонскиот клуб одигра 36 натпревари, на кои постигна пет гола.

- Оглас -

Најнови вести